(Во живо) Изјава на директорот на М-НАВ: Постојат 5-6 кланови, а секој има право да биде вработен овде
Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди денеска во изјава за медиумите гарантираше дека безбедноста на авио-сообраќајот и навигацијата никогаш била, ниту ќе биде загрозена. Граѓаните можат да патуваат безбедно, додаде тој.
-Од 3 ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов со минус 70% сообраќај и немаше средства ниту за оперативни простории, а камоли за плати. Успеавме да ја донесеме фирмата на здрави нозе, иако предвидувањата од Еуроконтрол беше тоа ќе го сториме дури во 2025 година – МНАВ денеска ги има подмирено сите загуби кои беа поради надворешен удел, без ниту еден денар помош од било кого, кажа Хамиди меѓу другото во своето обраќање после вчерашните инциденти во зградата на радарската соба каде што е сместена обласната контрола на летање при М-НАВ.
-Нѐ повредува сите нас и не нѐ остава да си ја завршиме работата. Репутацијата на нашата компанија е доведена во прашање поради лажни клевети дека ништо не чинело. Безбедноста не е никогаш нарушена. За жал имаме лукративни и лични интереси од негова страна, кажа Хамиди.
-Кажува за непотизам и партиски вработувања, само за да даде дефокусирање на јавноста. Демагогијата е тој самиот е непотизам. Веќе ги премина сите граници – неговиот татко беше началник на контрола на летање, тогаш беше примен и тој. Истовремено и брат му работи како контролор на летање. Постојат 5-6 кланови. Во оваа држава, според Устав, сите имаат право да бидат вработени, без разлика на етничка и верска припадност, посочи директорот на М-НАВ.