Во Заев граѓаните најмногу веруваат, но СДСМ би изгубила на избори


Најновата анкета покажа дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ужива најголема доверба кај граѓаните.
Имено, во анкетата изработена од М-Проспект на прашањето во кој политичар  имаат најголема доверба, а имаа можност спонтано да одговараат, се покажува дека секој трети граѓанин (30,1 отсто) нема доверба во ниту еден политичар.
Сепак, 18,3 отсто од испитаниците Зоран Заев е политичар во кој имаат најмногу доверба. Додека пак во Христијан Мицкоски доверба имаат 11,7 отсто од испитаниците.

Споредено со истото прашање поставено пред една година, односно една година од новата Влада, може да забележиме дека постои опаѓање на рејтингот на Зоран Заев (24,1 отсто во 2018). Во 2018 во Христијан Мицкоски имале доверба 2,9 отсто.  И етничките Македонци и етничките Албанци во најголем процент не веруваат во ниту еден политичар (28,8 отсто од етничките Македонци и 33,2 отсто од етничките Албанци). Етничките Македонци го преферираат Зоран Заев (21,3 отсто), а 16,1 отсто имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски. Етничките Албанци најмногу го бираат Али Ахмети (18,2 отсто), потоа го избираат Зијадин Села (15,9 отсто). За Зоран Заев се изјаснуваат 9,3 отсто, а Билал Касами е избран од 8,4 отсот од испитаниците.Доколку утре се одржат парламентарни избори секој четврти граѓанин (25 отсто) би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ би гласале 23,1 отсто. За ДУИ би гласале 5,1 отсто, за Алијанса за Албанците би гласале 4,2 отсто и за БЕСА 2,1 отсто.

Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25,5 отсто во 2018), а за ВМРО-ДПМНЕ зголемени (20,6 отсто во 2018). Секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО ДПМНЕ – 34 отсто, додека пак 26,6 отсто би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10,8 отсто би гласале за СДСМ, 22,6 отсто за ДУИ, 19,3 отсто за АА, 9,8 отсто за БЕСА.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено со теренска анкета во периодот 15 мај – 7 јуни 2019 година на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.  Податоците се со веројатност на точност од 95 отсто и со грешка +/- 3 отсто.
Анкетата е спроведена по истек на две години од мандатот на Владата.