Во Србија продолжува да паѓа бројот новозаразени, починаа 49 пациенти

Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 4.932 случаи со корона вирус, а починаа 49 пациенти.
Во последните 24 часа тестирани се повеќе луѓе од вчера, но бројот на заразени е помал.
Сепак, расте бројот на пациенти во болниците. Во моментот во болница има 8.842 пациенти.
Во Србија од почетокот на епидемијата регистрирани се 271.364 случаи со корона вирус, а од последиците на Ковид-19 починаа вкупно 2.380 лица.
Вкупно се направени 2.046.456 тестови.
За денеска е закажана седница на Кризниот штаб и се очекуваат нови мерки, особено кога во прашање е влегувањето во Србија.
Потсетуваме, мерките кои претходно беа донесени на сила се до 15 декември.