Во Србија од Ковид-19 починаа уште 55 пациенти, новозаболени се 6.224

Во последните 24 часа во Србија потврдени се 6.224 позитивни случаи со корона вирус, од 17.093 тестирани. Починаа 55 лица.
На респиратори се 253 пациенти.
Според најновите податоци на Министерството за здравство во болница има 7.368 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се 175.438 случаи со корона вирус, а починаа 1.604 лица.
Досега тестирани се 1.777.582 примероци. Процентот на смртност е 0,91 отсто.