Во Сибир измерени 48 степени Целзиусови


 

Пред неколку дена на територија на Сибир во Русија измерени се неверојатни 48 Целзиусови степени.

Два европски сателити на 20 мај на подрачјето на арктички Сибир измериле температура од 118 Фаренхајти, односно 47,7 степени Целзиусови. Се работи за температурен рекорд. Температурата на воздухот на тоа подрачје тогаш изнесувало околу 30 степени Целзиусови.

Покрај тоа, се уште е необично висока температура за Арктичкиот круг, па вакви жештини може да го поттикне топењето на вечниот мраз и да ги забрза климатските промени. Имено, вечниот мраз спречува древните резервоари на стаклечнички гасови повторно да дојдат во Земјината атмосфера, пишува Лајф сајанс.

Зомби пожари

Сателитите на ЕУ „Коперникус Сентинал-3А и 3Бе“ ги забележале овие високи температури во текот на топлинскиот бран кој погоди поголем дел на Сиббир. Овие жештини укажуваат на можноста одвжарен почеток на летото, по пролетта во која во Сибир се забележани стотици шумски пожари.

Многу од овие пролетни пожари беа тн. „зомби пожари3 затоа што всушност се работеше за наново покренати остатоци од шумски пожари кои избиле претходното лето и кои никогаш не биле во потполност изгасени. Зомби пожарите со месеци тлееле под зимскиот мраз и снег, хранејќи се се о тресетот богат со јаглерод кој се наоѓал под ледената површина. Кога снегот се стопил пролетта, пожарите повторнос е разгореле.

Пред една година, на 20 мај 2020 година, на истото подрачје во Сибир забележана е рекордна температура на воздухот за тој период од годината – 38 степени Целзиусови. Веќе со години просечните температури на Арктикот растат побрзо од каде и да е на Земјата, а причина за тоа е топењето на моркиот мраз поради глобалното затоплување.