Во Шкотска уапсени две лица поради провалување во база на Воената морнарица каде се чува нуклеарно оружје


Две лица се уапсени во Шкотска откако се обиделе да влезат во база на Воената морнарица каде што се складира нуклеарно оружје.

Полицијата соопшти дека 31-годишна жена и 34-годишен маж се обиделе да влезат во базата Клајд во Хеленсбург во четвртокот попладне. Таа база, позната и како Фаслејн, е една од трите бази на Кралската морнарица во кои се сместени и подморници што носат нуклеарно оружје.

Уапсениот маж, според британски медиуми, е ирански државјанин.

Кралската морнарица го потврди апсењето.