(Во живо) Тошковски: Бројот на загинатите стигна до 59, за четворица од инволвираните е распишана потерница

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција изјави дека со над 10 лица се извршени разговори, а за 4 лица е распишана потерница. Тошковски не даде повеќе детали за избеганите кои ќе ги бараат со потерница. Бројката на загинати во страшната трагедија во Кочани се искачи на 59 лица, соопшти министерот. Извршен е разговор со еден член на музичката група ДНК, а ќе разговараат и со оние повредени кои се во стабилна состојба. Се проверува и документацијата за дискотеката. Загинал и полицаец од Пробиштип кој требало да добие награда за најдобар полицаец во општина пробиштип. „Распишана е централна потерница за 4 лица, се постапува и во Министерството за економија од каде се обезбедува документација. До 11:30 часот според информациите, починати се вкупно 59 лица, од нив 35 се идентификувани, 31 лице од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени по последните информации е 155 лица. Истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.Загинал и полициски службеник од ПС Пробиштип, кој постапувал во дискотеката по претходно изготвен план за присуство на малолетници и за дрога. Од СВР Штип ме информриаа дека требало да биде најдобар полицаец на територија на Пробиштип. За жал тоа ќе биде сторено постхумно“, рече Тошковски. Тошковски рече дека мора да внимава да не ја загрози истрагата. На прашањето дали дискотеката имала сертификат за управување со пиротехнички материјали, Тошковски не одговори. Овој сертификат го издава МВР.