Кандидатот на СДСМ во Росоман, Стојан Ангелов, победи во фотофинишот
Една од најнеизвесните битки на изборите за градоначалник се водеше во Росоман. По 90 отсто од преброените гласови водеше кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски, пред Стојан Николов од СДСМ со 904 наспрема 901 глас. Бера избројани гласовите во девет од десетте избирачки места.
По пребројувањето на гласовите од последното избирачко место Стојан Ангелов однесе победа од 13 гласа: 1.122 ма 1.109. Но тоа е недоволно за победа во првиот круг и ќе се оди во втор, затоа што Ангелов освои 45.65 отсто од гласовите.