Во пресрет на шаховскиот турнир вандали ги искpшиле таблите во центарот на Прилеп (Фото)


Шахот на отворено во Прилеп, односно големата шаховска табла, која своевремено имаше и големи пластични фигури, служеше за промоција на овој спорт, но и како забава и атракција.

Сепак, викендов, непознати лица извршиле вандалски чин и тоа во пресрет на турнирот кој се организира по повод денот на ослободувањето на градот, при што искршени се шах таблите на „Арт плоштадот”, пишуваат локалните медиуми.

Грозната слика зборува за некултурата на поединци кои живеат во овој град.  Од фотографиите може да се види дека се искршени мернемрните плочи со дизајн на шах табла од масичките поставени на плоштадот во центарот на градот, каде секој можеше да донесе фигури и да игра шах со некој случаен намерник. 

Инаку, на На Денот на ослободувањето на Прилеп, в четврток, 3 ноември, во организација на Шаховскиот клуб Прилеп ќе се одржи шаховски брзопотезен турнир.

На платото пред Центарот за културата е зборното место, на отворено, под ведро небо. Тука, ваков турнир се одржа уште 2012 година.

ШК Прилеп на таков начин продолжува со идејата шахот да го задржи пиетот што го има со децении во градот и да привлече што повеќе приврзаници.

Од 11 часот, в четврток, пред Цепенков ќе можат да ги проверат силите не само тие што ќе бидат пријавени на турнирот туку и сите љубопитни што го познаваат овој спорт, а никогаш пред публика не играле шах.