Во Перу е пронајден фосил стар 16 милиони години


Научниците открија 16 милиони години стар фосилизиран череп на речен делфин кој некогаш пливал во водите на денешен Амазон, чиј најблизок жив роднина е јужноазискиот делфин од реката Ганг во Индија.

Палеонтологот Родолфо Салас изјави дека черепот му припаѓа на најголемиот делфин за кој е познато дека живеел во водите на Јужна Америка, кој бил долг помеѓу 3 и 3,5 метри. Именуван е како Пебаниста јакуруна по Јакуруна, перуанско митолошко суштество кое живеело во длабоки води.

Поврзано со денешните делфини
„Овој делфин е поврзан со делфините кои денес живеат во индиската река Ганг“, рече Салас, додавајќи дека фосилот пронајден во Перу е многу поголем од неговите живи роднини во Азија.

Тој, исто така, открил дека и двата вида делфини живееле во океанот.

„Ова им овозможи да заземаат големи океански простори во близина на бреговите на Индија и Јужна Америка. И во регионот на Амазон и во Индија, овие животни живееле во слатководни средини, но оние од Амазон за жал изумреле, а тие преживеале во Индија”, објасни Салас.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Science Advances.

Сливовите на реките Амазон и Ориноко сè уште се дом на видот познат како речниот делфин Амазон, наречен и розовиот речен делфин или бото.