Во ООУ „Димитар Миладинов“ започна дводневниот шаховски турнир за учениците од прво до деветто одделение


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во објава на социјалните мрежи сподели дека денеска во ООУ „Димитар Миладинов“, го имал задоволството да го отвори дводневниот шаховски турнир наменет за учениците од прво до деветто одделение.

„Нашите најмлади шахисти покажаа завидни вештини, концентрација и спортски дух. Со трпелива и внимателна игра, тие докажаа дека и во дигиталната ера, вистинските вредности на друштвените игри имаат своја посебна тежина“, истакна Герасимовски.

Тој воедно посочи дека шахот не е само игра, туку дека тој развива логика, стратегија и дисциплина, квалитети за кои вели дека се од големо значење за развојот на секое дете.

„Општина Центар останува посветена на поддршка и поттикнување на вакви настани, кои ги мотивираат младите да растат во здрав, креативен и интелектуален дух“, порача градоначалникот.