Во Новаци ќе се гради фотонапонска централа


ДТПУ Меј Груп ДОО Експорт импорт Скопје е компанија која ќе започне да гради фотонапонска централа, една од најголемите фотонапонски централи од 50 MW  во општина Новаци, информира секторот за односи со јавност на општина Новаци

Инвестицијата ќе биде реализирана во катастарските општини Билјаник и Рибарци и ќе зафаќа површина од  57 хектари покриена со фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори.

-Денес остварив средба со претставници од оваа компанија и сопствениците на земјиштето каде ќе поминува високонапонскиот далновод. На средбата се разговараше за условите и начинот со кои треба да се спроведе далноводот, решавање на имотно-правните односи и придобивките кои би ги имале жителите на Општина Новаци од оваа голема инвестиција од приватниот сектор, истакна Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

Со новата инвестиција општина Новаци како локална самоуправа создава услови нејзината трериторија да биде ставена во Стратегијата за развој на енергетиката која ја изработува МАНУ и да биде обележана како точка на мапата во која постојат услови за инвестирање во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, посочија од локалната самоуправа.