Во Лондон масовни протести против корона мерките
Во Лондон почнаа масовни протести поради строгите мерки кои ги воведе британската влада.
Потсетуваме дека премиерот Борис Џонсон најави дека мерките може да бидат на сила шест месеци, а вклучувааѕ поттикнување на работата од дома и порано затоврање на баровите и рестораните.
Како што јави „Гардијан“ засега се собрале повеќе илјади луѓе, а се очекува дека ќе има уште.
Локалните власти од демонстрантите бараат да ги почитуваат мерките за социјална дистанца.
Денешниот протест на „Трафалгар сквер“ се одржува една недела по насилните протести во кои ултрадесничари ја нападнаа полицијата.
„Гардијан“ јавува дека протестот го организирале групи собрани околу теоретичарите на заговори противници на 5Г мрежата, корона скептици и антиваксери, а се очекува говор да одржи теоретичарот на заговори Дејвид Ицке.