Во Косово заразени уште 220 лица со Ковид-19, починаа осум пациенти


 

Во Косовопочинаа уште осум лица од последици од корона вирусот, а регистрирани се уште 220 нови случаи.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 177.

Инстиутот за јавно здравје во Приштина сооpшти дека се тестирани 472 примероци.

Најмногу позитивни случаи се регистрирани во подрачјето на Приштина.

Вкупниот број на заразени во Косово од почетокот на пандемијата е 7.137, додека активни се 3.086 случаи.