Во Калифорнија прогласена вонредна состојба поради пожарите
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во пет окрузи поради шумски пожари.
Станува збор за областите Фресно, Мадеира, Мерипос, Сан Бернардино и Сан Диего, соопшти кабинетот на гувернерот.
Во моментов, со пожар се зафатени повеќе од 18.000 хектари шума, што доведе до евакуација и затворање на патиштата во областа Фресно.
Досега загинале осум лица и уништени се околу 3,3 илјади објекти, а синоќа повеќе од 200 лица беа евакуирани со хеликоптери.