Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 55 пациенти, заразени 3.987

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 3.987 заразни со корона вирусот, а активни се 23.573.
Меѓу нив 2.221 пациент се во болница, а 262 на репсиратор.
Починаа 55 пациенти.
Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска забележани се вкупно 123.693 заразени, од кои починаа 1.655, а оздравеа 98.465 лица, од кои 2.767 во последното деноночие.
Во самоизолација се 51.247 лица.
До денеска тестирани се 736.102 лица, а 11.282 во последните 24 часа.
Денеска се очекува да пристигнат и првите пациенти во загрепска Арена, за да се намали притисокот на болниците.