Во Франција за 24 часа повеќе од 1.500 новозаразени со корона, најмногу од 30 мај


Повеќе од 1.500 новозаразени со вирусот корона беа регистрирани вчера во Франција, што е најголема бројка од 30 мај, додека бројот на загинати е најголем во изминатите три дена.

Во изјавата на француското Министерство за здравство се вели дека бројот на заразените лица е зголемен за 1.588, што е над дневниот просек од 498 во изминатите најмалку седум дена, јааави Танјуг.

Бројот на загинати се зголеми за 26 на 29.778, што е исто така зголемување во однос на 21 од претходниот ден.

Бројот на пациенти во болниците е намален за 255 на 8.886 и ова е прв пат да биде понизок од 9.000 по повеќе од три месеци.