Во експлозијата оштетен каналот што ја снабдува Косовска Митровица со вода – 200.000 луѓе останаа без вода


 

На езерото Газиводе, поради експлозија, уништен е каналот што се користи за ладење на термоцентралата кај селото Вараге, со закана дека термоцентралата ќе престане да работи.
Во Зубин Поток прекинато е снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на каналот Ибар-Лепенац поради експлозијата. Локалните медиуми јавуваат дека големо количество вода излегува од каналот и се шири во околината.

Регионалното водовод „Митровица“ ги повика граѓаните да ги обезбедат резервите на вода, бидејќи се очекува оваа експлозија да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Инаку, Јужна и Северна Митровица со вода за пиење се снабдуваат преку каналот Ибар-Лепенац, односно езерото Газиводе, но преку него се ладат и термоелектраните Обилиќ А и Обилиќ Б.

Иако истрагата не ги утврди причините за експлозијата, дел од косовските медиуми наведуваат дека станува збор за саботажа со цел да се загрози Косово.