Во експлозија во руски рудник загинаа 52 лица, меѓу нив и спасувачите


Во експлозија во руски рудник загинаа 52 лица, меѓу кои и 6 спасувачи, пишува RT, а несреќата се случи во рудник за јаглен во Кемерово, Сибир, објави регионалниот истражен одбор.

„Според првичните информации, никој во рудникот не преживеал. Загинаа 52 лица“, изјави извор на кој се повика новинската агенција TASS.

Таа изјава ја пренесоа и агенциите RIA Novosti и Интерфакс, прецизирајќи дека меѓу починатите има 46 рудари и 6 спасувачи. Локалното истражно тело отвори истрага поради кршење на безбедносните правила и во текот на вечерта објави дека се уапсени директорот на рудникот, неговиот заменик и одговорните на подрачјето на кое се случи несреќата.

„Ова е голема трагедија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Рудникот е во сопственост на компанијата СДС-Угол, еден од најголемите руски произведувачи на јаглен.