Во Бугарија повторно ќе се бројат гласовите на 1.777 избирачки места

Распространето е уверувањето дека изборите во октомври бил едни од најнефер досега и имало голем поткуп на гласовите


 

Во близу 1.800 избирачки места ќе се пребројуваат гласачките ливчиња од последните парламентарни избори во Бугарија. Ова го одлучи во вторникот Уставниот суд.

Дополнително, треба да се изврши вештачење кое мора да утврди дали бројот на дадени гласови одговара на оние запишани во евиденцијата. Оваа проверка мора да се направи до 10 јануари следната година. Одлуката на судот била едногласна. Точниот број на избирачките места 1.777.

Според најголем дел од набљудувачите предвремените избори во октомври во Бугарија биле едни од досега најнефер. Сомнежите за купен и контролиран глас беа широко распространети, додека Министерството за внатрешни работи тврдеше дека се занимавало со купувачите на гласови. Не беа дадени дополнителни информации за истрагите.

ПП-ДБ, Преродба, БСП, ИТН и Величие поднесоа барања за поткуп на изборите. На изборите на 27 октомври, Величие остана надвор од парламентот со помалку од 30 гласа. Партијата доби 3,999% поддршка, а ѝ требаа 4 проценти да влезе во парламентот.

Речиси сите политички сили кои влегоа во парламентот, освен ГЕРБ и ДПС – Нов почеток на Дељан Пеевски, санкциониран според глобалниот закон „Магнитски“, изразија сомнеж за правичноста на изборите и зборуваа за купен и контролиран глас.

Според одлуката на Уставниот суд, во рок од две недели Централната изборна комисија (ЦИК) мора да каже зошто во некои делови не бил вклучен видео надзорот, иако имале таква обврска.

Комисијата во рок од три недели треба да даде објаснувања за промените во составот на секциските комисии кои ги пребројуваат гласачките ливчиња по завршувањето на изборниот ден. Промената на нивните членови беше масовна, особено во Благоевградската област.

Во Бугарија и во странство има 12.900 избирачки места.