Во Британија повеќе од 100.000 починати: Џонсон презема полна одговорност
Повеќе од 10.000 Британци починаа од последиците од Ковид-19, покажаа во вторникот официјалните податоци, што е нов неповолен рекорд за владата која се обидува да го забрза вакцинирањето и да го сузбие ширењето на новите варијанти на корона вирусот.
Велика Британија е прва европска земја која ја надмина оваа граница и петта во светот по САД, Бразил, Индија и Мексико.
Вкупниот број од 100.162 починати е поголем од бројот починати цивили во Втората светска војна и двојно поголема од бројот убиени во нацистичките бомбардирања од 1940 и 1941 година, иако тогаш имало помалку жители.
„Преземам полна одговорност за се што владата направи“, рече денеска британскиот премиер Борис Џонсон. „Можам да ви кажам дека навистина направивме се што можевме, продолжуваме да го правите тоа, да го минимизираме губитокот животи и страдањето“.
Англија од почетокот на јануари е во карантин
Додаде дека Британците по пандемијата ќе се „обединат како нација за да ги памтат оние кои ги изгубија животите и да им оддадат чест на хероизмот на оние на првата линија кои ги дадоа своите животи за да спасат други“.
Англија, најнаселениот дел од Велика Британија, на 5 јануари повторно влезе во општ карантин, ги затоври, кафулињата, рестораните, продавниците со неесенцијална стоја и училиштата за повеќето ученици. Воведени се и дополнителни рестрикции на патувања.
Британија во декември стана првата земја која ја одобри вакцината на „Фајзер“, ветувајќи дека до средината на февруари ќе ги вакцинира сите постари од 70 години, ризичните групи, здравствените и социјалните работници и штитениците на домовите за стари лица.
Досега прва доза од вакцината примија 6.853.327 Британци, а втора 472.446.