Во Бразил две години затвор за тие што ќе малтретираат животни
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро потпиша нов закон со кој се зголемуваат казните за оние кои малтретираат домашни миленици. Директен сведок на ратификацијата: неговото куче.
Сега на оние што ќе им наштетат на мачки и кучиња им се заканува затворска казна од 24 месеци, голема парична казна и апсолутна забрана за посвојување други животни.