Во болниците се згрижени 152 настрадани во пожарот, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, соопшти Министерството за здравство. Од нив 18 лица се во критична состојба
Распределба на хоспитализираните пациенти:
Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16
Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:
Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3
Претходно денеска министерот за здравство Арбен Тараври соопшти дополнителни информации во врска со настраданите во трагедијата во дискотеката во Кочани. Тој рече дека во болниците во државата се згрижени вкупно 148 лица кои се здобиле со изгореници и повреди во пожарот во дискотеката во Кочани, а од нив 18 лица се во критична состојба. Меѓу настраданите, за жал има и малолетни лица, рече министерот.
Тој прецизираше дека на Хируршките клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје се згрижени 31 лице, на Детска хирургија четири лица, на КАРИЛ се 16, на Пластична хирургија 11, во Градска хирургија 27, во ГОБ „8 Септември“ се 17 лица, во Клиничката болница во Штип се 39 и во Кочани 30 лица.
Таравари рече дека докторите го даваат својот максимум во третманот на настраданите, како и дека се ангажирани соте капацитети во државата. Генерално, пациентите кои што се во критична состојба се во Скопје, рече Таравари.