Во 2024 година, Јапонија конечно ги исфрли флопи дисковите од владините канцеларии


Јапонската влада објави дека постепено ги отстранува флопи дисковите, што е клучна пресвртница во нејзината кампања за модернизација на државната администрација.

До средината на јуни, дигиталната агенција ги укина сите прописи за користење на флопи дискови, 1.034 од нив, објави владата.

„На 28 јуни ја добивме војната со дискетите!“, изјави министерот за дигитални технологии Таро Коно, кој се залагаше за елиминирање на факс машините и другата опрема базирана на аналогна технологија, пренесеува Хина.

Дигитализацијата често е ставена на тест во Јапонија

Дигиталната агенција е основана за време на пандемијата на коронавирус во 2021 година, кога обидот да се воспостави систем за тестирање и вакцинација го откри сè уште потпирањето на владата на хартиени документи и застарена технологија.

Коно ја презеде сегашната функција во август 2022 година, а своевремено се кандидираше и за премиерската позиција. Во неговата биографија има и позиции во министерствата за одбрана и за надворешни работи.

Дигитализацијата во Јапонија често беше ставена на тест, па апликацијата за следење контакти неславно пропадна за време на пандемијата, а процесот на усвојување на дигиталната лична карта My Number траеше подолго од очекуваното, забележува Ројтерс.