ВМРО-ДПМНЕ тврди: Се врати бугарскиот воз
Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ обвини на прес конференција дека имало нерегуларности на изборите, како кршење на изборниот молк, заплашувања, притисоци, уцени, злоупотреба на државни институции, брутален физички напад врз медиумите, поткуп, па и за првпат по подлг период дека се појавил „бугарски воз“.
Тој извести дека дополнително ќе утврдуваат дали проблемите со апаратите за отисоци од прст влијаеле на изборните резултати, проценувајќи дека според нивните информации меѓу 20 до 25 отсто од гласачите не се совпаднале со биометриските податоци.
Генерално тој оцени дека изборите биле такви каква што е власта – криминални и коруптивни. Според него, има информации за спроведување поткуп во осум града во државата – Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид и делови на Скопје.