ВМРО-ДПМНЕ очекува да земе уште еден пратеник во петтата изборна единица
МРО-ДПМНЕ како победник на овие избори очекува да земе уште еден пратеник во ИЕ 5.
„Со оглед на тоа каква е ситуацијата дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори и иден мандатар и креатор на идната влада јас сум длабоко убеден дека тој пратеник би одел на конто на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак граѓаните ќе го кажат тоа на крај на демократски легитимен процес согласно законите, битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески во гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.
Тој додаде дека ДИК донесе одлука за прегласување, а Управниот суд потврди истата.
„Имено, кога има суштествени повреди на изборниот законик во однос на ливче плус, несогласувања на терминал со гласачи. Должност на членовите на ДИК согласно законот е да го поништат тоа избирачко место и не би влегувал во тие теории на заговор дека некој на некого сака да му земе“, истакна Јаулески.
Тој потенцира дека нормално и легитимно е секоја политичка партија да се бори за остварување на подобар резултат каде изборите се поништени.
„Во одредената ситуација каде се поништени изборите на избирачки места нормално и легитимно е дека секоја политичка партија се бори да оствари подобар резултат така и ние се бориме да земеме уште еден пратеник во петтата изборна единица“, кажа Јаулески.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има политики што ги засегаат сите граѓани.