ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ги поделиле местата и за третиот ешалон
Мандатарот Хистијан Мицкоски и лидерите на коалицијата Вреди вечерва ја финализират владата. Изет Меџити за ТВ 24 потврди дека вечерва се очекува да си подадат рака.
– При крај се преговорите и коалицијата Вреди и со ВМРО ќе се затворат преговорите за формирање на влада. Принципите на новата влада се утврдени, програмите се хармонизирани и при крај сме со третиот ешалон. Анализираме кој каде ќе биде од коалицијата и очигледно е дека Касами се враќа како градоначалник на Тетово. Оценивме дека Гаши е поискусен за претседател на Собрание, Таравари најверојатно ќе биде идниот министер за здравство и таму е дилемата дали ќе има предвремени локални избори, а тоа ќе биде премногу за буџетот на државата и граѓаните на Гостивар – рече Меџити.