ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: Доста плачеш!
„Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката што не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС ниту, пак, одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците. Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот што ги крадеше Албанците исто како и Македонците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, туку важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност. Понатаму, од партијата велат дека ако Ахмети мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спасат од одење во опозиција и ќе ги скрие криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата.