Владимир Грчев освои златен медал на Европската олимпијада по информатика во Шумен

Владимир Грчев од Кочани, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, го освои златниот медал на Европската олимпијада по информатика за млади во Шумен, Бугарија. Натпревар започна на 29 август, а ќе заврши на 4 септември.
Во Шумен се наоѓаат најдобрите млади програмери од повеќе од 20 европски држави со по четири натпреварувачи. Со овој успех Владимир се вброи меѓу најуспешните млади информатичари во Европа.
Момчето од Кочани е трикратен државен првак по информатика и има освоено сребрен и два бронзени медали на Македонските олимпијади по информатика. Во 2025 година, Владимир го освои златниот медал на 29-та Македонска јуниорска олимпијада по информатика, а потоа и златото на Македонската јуниорска математичка олимпијада.
На меѓународната сцена, Владимир Грчев до сега се има „закитено“ со сребрен медал на Балканската олимпијада по математика за млади. Освојувач е и на две бронзени медали на јуниорската Балканска олимпијада по информатика и на еден бронзен медал на Европската олимпијада по информатика.
Владимир Грчев е член на националните тимови по информатика уште од 6. одделение и зад себе има бројни национални и меѓународни награди и признанија