Владимир Ѓорчев: Да ги набркаме тие што предизвикаа иселување од Македонија
Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ организирана од оваа партија констатираше дека истокот на земјата е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе седум години.
„ОСе наоѓаме во седма година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се три министри за финансии и во моментот кога дојдоа таму се основите на промашувањата на оваа власт. Рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, а тој покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата се правеа нови економски зголемени капацитети во коишто се вработуваа граѓани. за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова Година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок. Нема стабилност за бизнисот, граѓаните, банките затоа што сериозни бизнис компании прават десетгодишни, повеќегодишни планови за инвестирање, се донесовме во ситуација да сакаат да воведуваат прогресивен данок. Кога реагираше бизнисот тоа го ставија во мирување одреден временски период што значи дека не стојат на мерките планирани односно реагираат импулсивно по реакција од граѓани“, посочи тој.
Мицевски констатираше дека денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми тогаш се власта измислува ад-хок мерки со кои моментално се купува мир, но тоа не е решение кое Македонија ќе ја води во правилна насока.
„Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија. Зошто? Затоа што младите луѓе се разочарани, затоа што возрасните знаат што се случува, затоа што не гледаат перспектива и иднина и тоа е тоа што и фали на оваа држава“, рече Мицевски.
Тој додаде дека се уништени програмите и мерките за многудетни семејства.
„Фалат стабилен човечки потенцијал и долгорочни мерки што ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ и фали судство во кое ќе веруваат граѓаните. Фали општество во кое граѓаните ќе веруваат. СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава. Тоа го гледаме на дневно ниво и во законите што се преточени во Собранието, а тоа се ад-хок реакции по реакција на одредена сфера, стопански субјект, одредена стопанска комора или одреден дел од општеството“, вели тој.
Мицевски истакна дека на Македонија во наредниот период и е потребно ресетирање на секое ниво.
„Само погледнете кои закони се носат со европско знаменце и ќе знаете каде се движи државата. Тоа е законот за игри на среќа, до пред одреден временски период законот за отворање на фабрики на марихуани, тоа е размислувањето на ова власт. Тие гледаат како да дојдат до брзи пари, како одредени луѓе кои влегоа сиромашни во политиката за 7 годишен временски период излегоа милијардери . Една од обврските на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе биде да направи ревизија на потеклото на имотот на граѓаните во Република Македонија. Законско решение кое не само го ветуваме, туку и во пракса ќе го преточиме затоа што граѓаните сакаат сигурна држава, правна држава која ќе нуди правна сигурност на секој еден граѓанин. Довербата во судството од минорни 1% е резултат на оние кои делат тендери и ја имаат политичката моќ во една држава и затоа и судството ни е комплет на она кое што ни е“, кажа Мицевски.
Тој додаде дека овие 7 години власта на СДС и ДУИ не донесоа на позиција на која сме.
„Регионалниот рамномерен развој не се практикува секаде исто. Рамномерниот регионален развој го немаме во Источна Македонија, Малешевијата, односно го имаме селективно затоа што во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ помошта и она што законски е обврска на државата не се испраќа кон градоначалниците. Знам каква мака има градоначалникот кој се наоѓа во средина, а тоа е градоначалникот Александар Китански од Пехчево за добивање на редовни донации и редовни средства кои му следуваат за разлика од градоначалниците од Берово и Делчево. Истото е во Македонска Каменица и Виница и затоа изразувам голема благодарност до овие градоначалници кои смогнуваат сили и покрај опструкциите што ги имаат на дневно ниво од централната власта да успеваат да сработат нешто“, дециден е тој.
Мицевски изјави дека во Македонија еден од клучните ресурси е човекот и околу него треба да ги поставиме сите оние мерки кои следуваат.
„Многу е комплексен целиот овој процес. Мораме да размислуваме прво за граѓаните, младите луѓе да ги задржиме, дел од нив да успееме со подобрување на економијата да ги вратиме. Да воведеме нови мерки карактеристични за секој регион. Да ги подобриме земјоделските и ИПАРД проектите во Источна Македонија и Малешевијата. Да се размислува за планинскиот и еко туризам. Да се подобрат инфраструктурните состојби во Македонија, здравството затоа што оваа општина мака мачи со здравствени услуги. Да се подобри образовниот капитал затоа што последните две години учебници нема во цела држава, да се обрне внимание на социјалниот аспект и едноставно луѓето да почнат да живеат квалитетен живот“, заклучи тој.
Во Пехчевоспоред него има најголемо иселување од околу 30% и демографскиот аларм одамна е вклучен.
-Бројките се немилосрдни. Не само што се намали вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, туку фрапантен е и податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа е работоспособното население, изјави Жаклина Пешевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Причините за иселување велат дека се за подобри економски состојби, но тие се од различна природа, во државата нема ефикасна здравствена заштита, немаме добра социјална заштита, нема владеење на право, криминал и корупција на секој чекор. Граѓаните во таква атмосфера го гледаат излезот надвор. Големи стопанственици заминуваат и не размислуваат да се вратат, рече таа.
Пешевска изјави дека во последниве години учениците немаат книги, во руралните средини сме на добар пат целосно да се иселуваат, градовите се иселуваат, на пат сме да станеме држава без народ.
– Имаме национална стратегија за демографија која не е функционална, важно е да размислуваме за функционална национална стратегија, сите мерки кои ќе ги имаме како идна власт да бидат применливи. На оваа власт не и е во фокус да го крева човечкиот капитал и низа мерки од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа како мерката за трето дете, „купи куќа купи стан“ кои ја користеа млади, истакна Пешевска.
Таа нагласи дека низа мерки на партијата ќе опфатат целни групи, семејството да се направи економски посилно и ќе имаме постабилна економска држава.
-Бројките за иселување кои ги слушаме ја даваат тажната и ужасната слика на исчезнување на Македонија. Македонија станува земја без народ, територија без население, а нема држава без народ, нема училишта без ученици, нема економија без луѓе и нема ништо ако нема деца. А нас како никогаш во историјата изминативе 6-7 години ни снемува деца, млади и ни сменува детски плач, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Ѓорчев посочи дека економската политика апсолутно игра улога, нема нова отворена фабрика, нема нов проект, Македонија душмански се пљачка, луѓето бегаат, креваат раце, старите остануваат сами, нема кој да ги гледа, младите заминуваат во Италија, Германија, Скандинавија.
-Во првиот квартал оваа година родени се само 3600 деца, а во 2016 година родени се 5600 деца. Тоа се 100 паралелки помалку со деца. Ако ги погледнете бројките падот е 40%, нас ни се случува рецесија на животот, а на Пендаровски, Ковачевски, Заев око не им трепнува. Во општина Зрновци првото дете се раѓа во октомври, до толку е лошо, а во 2016 имало 20 деца. Има одговорност за тоа. Не може да бидеме рамнодушни на тоа. Оние кои ова и го приредија на Македонија треба да ги набркаме, Македонија сака и мора да опстане, изјави Ѓорчев.