Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица лишени од слобода


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода.

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Велес, вчера во 19:30 часот 39-годишна велешанка пријави дека нејзиниот сопруг М.Ј. (41) од Велес, не го почитувал решението од Основен суд Велес, односно и се јавувал на телефон и ја вознемирувал. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во СВР Скопје денеска во 01:50 часот 54-годишна жена пријавила дека на вчера околу 17:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Н.(61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево вчера во 22:50 часот го лишиле од слобода Б.И. (42) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал мајката на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Штип 34-годишна жена, вчера во 13:30 часот пријавила дека во домот во Штип со тврд предмет била нападната од нејзиниот свекор Б.Т.. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.