Вистини и заблуди: Не комбинирајте ги овие намирници

Живееме во дигитално доба каде што е лесно да се најдат информации кои укажуваат дека одредени комбинации на храна може да предизвикаат голем број опасни состојби, како што се дијабетес или артритис.
Има многу информации за храната и често не оставаат збунети. Некои се засноваат на верувања, а други имаат научна основа.
Вистини и заблуди за комбинирање на одредени видови храна:
Пиење ладна вода за време на оброците
Теоријата е дека пиењето ладна вода непосредно пред, за време или после оброк предизвикува стврднување на храната во стомакот. На крајот на краиштата, мастите се стврднуваат ако се изложени на пониски температури.
Друга теорија тврди дека пиењето вода со храна ја разредува стомачната киселина, што го отежнува варењето на храната.
Она што оваа идеја не го зема предвид е дека нашите тела се топли одвнатре. Ладната вода не останува ладна долго време по консумирањето, туку брзо се загрева до телесната температура. Затоа, ладната вода не е доволно ладна за да ги зацврсти мастите и да ја отежне варењето.
Краставица и домат
Бидејќи краставицата и доматот имаат различно време на варење, нивното истовремено консумирање може да предизвика гадење и надуеност. Покрај тоа, краставицата содржи и ензим кој го уништува витаминот Ц во доматите, па затоа салатата за која мислевте дека е здрава е всушност изворот на проблемот.
Вистина е дека краставицата содржи ензим кој го уништува витаминот Ц, но сè додека јадете добро балансирана исхрана на дневна основа и имате други извори на витамин Ц, тоа нема никакво влијание врз вас.
Со додавање на мала количина оцет во оваа комбинација, ги поништувате ефектите на ензимите. Со оглед на тоа што салатите обично се прелеваат со оцет, нема потреба да се грижите за оваа комбинација.
Што се однесува до второто дека краставицата и доматот имаат разлицно време на варење, тоа е точно. Сепак, разликата е мала и недоволна за да предизвика забележителни проблеми, освен ако не сте чувствителни на една или на двете од овие намирници.
Пиво и кикиритки
Пивото и солената храна како јаткастите плодови предизвикуваат дехидрација, а ако ги комбинирате, тоа ќе предизвика критично „повлекување“ на водата од телото. Може да бидете толку жедни што на крајот да пиете премногу пиво за да избегнете дехидрација.
Има одредена вистина во ова. Сопствениците на барови обично служат солена храна или грицки со пиво бидејќи знаат дека тоа ќе ве натера да пиете повеќе. Покрај тоа, солта може да го намали горчливиот вкус на пивото, што го олеснува пиењето. Од друга страна, пивото го подобрува вкусот на солената храна, поради што сакаме да го јадеме додека пиеме пиво.
Сепак, пивото е диуретик и предизвикува телото да лачи повеќе натриум во урината. Солените грицки не можат да придонесат за алармантна дехидрација, но алкохолот може. Исто така, алкохолот може да ви предизвика мамурлак, па кога го пиете, треба да пиете онолку чаши вода колку што пиете алкохол.
Месо и тестенини
Протеините и јаглехидратите се вари различно и телото не може да се справи со тоа. Јаглехидратите почнуваат да се распаѓаат во устата, а потоа процесот продолжува во желудникот и цревата, додека процесот на варење на протеините започнува само во желудникот.
Иако различната храна се вари на различни начини, телото на повеќето луѓе може целосно да се справи со тоа. Луѓето еволуирале јадејќи различни протеини, јаглени хидрати и масти, така што нашите тела се способни да ја обработуваат оваа комбинација на храна. Ако немате дигестивни проблеми, тогаш нема што да се грижите.
Овошје со оброк или после оброк
Друга приказна на тема „различно време на варење“ сугерира дека јадењето овошје со или после оброк може да биде опасно, бидејќи овошјето е лесно сварливо и веќе ферментира во стомакот, додека другата храна не е.
Шеќерот во овошјето се разградува прилично брзо, но овошјето има и влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на тој шеќер во крвотокот, што всушност е форма на саморегулација што го спречува зголемувањето на шеќерот во крвта. Во секој случај, овошјето не останува доволно долго во нашиот стомак за да ферментира. Всушност, желудникот е толку кисел што ферментацијата не е навистина изводлива.
Разновидноста на сите овие совети за исхрана лежи во фактот дека не се сите тела исти и најдобро е едноставно да му верувате на вашето тело.
Нашето тело е создадено да вари различни видови храна во различни комбинации. Избегнувајте брза храна и почитувајте ги сигналите што ви ги испраќа телото, тоа најдобро знае.