Висока функционерка на САД доаѓа во Македонија
Потсекретарот за јавна дипломатија Лиз Ален ќе оствари посета во четири земји во регионот меѓу кои и во Македонија во периодот од 12 до 20 мај, со цел да ги продлабочи партнерствата со земјите од Западен Балкан и да ги унапреди „заеднички цели за регионална соработка и европска интеграција“.
„Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности што ги споделуваме со луѓето од Западен Балкан и важноста да работиме заедно за да ги заштитиме слободните и отворени општества од малигни влијанија.Во Македонија таа ќе се сретне со експерти за странско малигно влијание. Во однос на културната различност и богатото наследство на Северна Македонија, потсекретарот Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде што САД помага да се зачува едно од највредните археолошки локалитети во Северна Македонија. Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за понатамошно проширување на економскиот развој, туризмот и врските меѓу луѓето“, стои во соопштението од прес-службата во САД.