Винсент Касел и Тина Кунаки станаа бренд амбасадори на унисекс мода


Франција- Винсент Касел (54) и Тина Кунаки (23) станаа бренд  амбасадори. Париската етикета The Kooples промовира кампања во која се појавуваат славниот француски актер и неговата сопруга- манекенка облечени во парчиња од капсулната колекција, насловена како „Тина за Винсент“, а Кунаки помогна во дизајнирањето. Работејќи со уметничкиот директор на брендот, Том Ван Дорп, таа замисли линија унисекс облека и додатоци што го рефлектираат нивниот комбиниран стил додека беа во карантин на сончевите плажи на Јужна Франција.

„Имавме многу прилагоден стил “, изјави ексопругот на Моника Белучи, Касел за BAZAAR.com, седејќи покрај Кунаки,во студиото на брендот во Париз. „Многу панталони и долна облека. Мода во карантин, знаете? “

Дури и како еден од најпознатите стилски двојки во светот, со елегантни и неверојатни фустани и костуми на располагање, Касел и Кунаки потполно се потпреа на опуштените, рекреативни парчиња кои беа тренд за преку ден лани. Но, како што објасни Касел, облеката од  црвен тепих, во која често го гледаме  не е негов стил, додавајќи: „Така не живеам“.

Тие претпочитаат леснотија и изолација што им ги овозможи животот во карантин. Кунаки изрази дека го искористи времето да се грижи за својот ум и тело, не обрнувајќи внимание на нејзината гардероба. „Ја украдов облеката од неговиот плакар“, вели таа. „Мислам дека е тоа затоа што го сакам и сакав да бидам облечена во парчиња што беа негови“. 

Основанаво 2008 година, брендот постојано нуди откачени базни парчињеа со рокерски шмек – размислете за јакни за мотоцикли, мини кожни фустани и фармерки цевки. Но, во пресрет на „модата во карантин“, Касел и Кунаки имаа малку поинаква визија на ум.

„Станува збор за безвременски парчиња како кошули, тексас и некои јакни“, вели Кунаки. „Постојат парчиња што мажите и жените можат да ги носат“.

„Погледнете ги фармерките, на пример“, вели Касел, држејќи еден пар од колекцијата. „Има прицврстена вратоврска на половината. Базично е, но со малку пресврт. Класично е, но различно “.