Вилијам дојде на свадбата на својата прва девојка, таму се сретна со некои други бивши


Англија– Во празничната сезона, принцот Вилијам избра да ја прослави љубовта на една многу важна жена. Тој го помина викендот со старите пријатели во Котсволд Хилс. Принцот од Велс одлучил присуствува на венчавката без посебни протоколи.

Роуз Фаркухар, неговата поранешна девојка, се омажи за нејзиниот партнер Џорџ Гемел во Св. Марија Богородица во Тетбери во Глостершир.

Иако невестата малку задоцнила, после тоа свадбата поминала како вистинска зимска бајка. Невестата и нејзиниот татко пристигнале на венчавката со автомобил Ауди А3, кој се расипал пред церемонијата, но за среќа сепак стигнале до церемонијата.

“Тоа беше магична зимска венчавка на снег. Невестата и младоженецот прошетаа низ тунел формиран од гости со прскалки во воздухот, пред да заминат со нивниот винтиџ Ленд Ровер. Котсволдс се толку убави на снегот”, открија извори за „Пипл“.

Остатокот од општеството исто така покажа дека членовите на кралското семејство останале во добри односи со своите поранешни партнери. Се собра целата златна генерација на Велика Британија, па на венчавката беше уште една бивша на принцот Вилијам, Оливија Хант, како и нивните пријатели Џејми Мареј Велс, Гај Пели, Марк Томлинсон, Хари Мид, Наташа Руфус Ајзакс и нејзиниот сопруг Руперт Финч – кој случајно и поранешното момче на Кејт Мидлтон.

Врската помеѓу Вилијам и Роуз, која е негова пријателка од детството, е опишана како „невина и нежна романса“, а таа важи за првата сериозна девојка на принцот. Фаркухар беше гостинка и на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.