(Видео)Боинг 787 слета на ледената писта на Антарктикот
Боинг 787 е најголемиот патнички авион кој некогаш слетал на Антарктикот. Тој слета на ледена писта во истражувачката станица Трол во четвртокот, објави Би-би-си.
Авионот превезувал 45 истражувачи и 12 тони истражувачка опрема од Норвешкиот поларен институт.
Пистата е долга 3 километри и широка 60 метри
Тоа е најголемиот патнички авион кој слетал на најјужниот континент досега, објави Институтот. Пистата на која тој слета е направена од снег и мраз, а е долга 3 километри и широка 60 метри.
„Има кратки писти, нерамни писти и писти познати по силни вкрстени ветрови. Еве уште една која ќе предизвика нервоза кај нервозните патници – ледена писта“, пишува Си-ен-ен за слетувањето на Боинг на Антарктикот.
„Слетувањето на толку големо летало отвора нови можности за логистика во Трол, што исто така ќе придонесе за зајакнување на истражувањето на Антарктикот“, изјави Камила Бреке, директорка на Норвешкиот поларен институт.