(Видео) Запечен карфиол со сланина: сите ќе ви бараат репете
Вака подготвениот карфиол ќе им се допадне и на најпребирливите јадења, а посебен вкус и дава сланина.
Eдноставните јадења се одлична идеја кога сакате нешто брзо и вкусно. Постојат милион рецепти за јадења од зеленчук, но овој со карфиол е оној кој ќе го правите постојано. Карфиолот е еден од зеленчуците што многумина одбиваат да го јадат, но печен со сланина и пармезан, едноставно е неодолив и ќе им се допадне и на најпребирливите. Вака приготвениот карфиол можете да го послужите за вечера, но и за ручек.
Состојки:
1 карфиол
2 парчиња лимон
2 ловорови листови
100 гр путер
1 кромид
250 гр печурки
2 чешниња лук
200 мл неутрален крем
малку морско оревче
50-100 гр пармезан
200 гр кашкавал по избор
2 лажици јогурт или павлака
1 лажичка пиперка во прав
200 гр сланина
магдонос
Подготовка:
Карфиолот исечете го на цветови, ставете го во сад и покријте го со врела вода. Додадете 2 кришки лимон, како и ловоров лист. Добро измешајте и оставете малку да бланшира. Потоа, во тава растопете го путерот и пропржете го ситно исечканиот кромид. Кога ќе омекне додајте ги сечканите печурки, а кога ќе поруменат прелијте со неутралниот крем. Зачинете со сол и бибер, а кога сосот ќе почне да врие, додадете ситно сечкан лук и морско оревче. Додадете пармезан и измешајте. Оставете на шпорет уште 5 минути, па добро измешајте. Изрендајте го кашкавалот и измешајте го со јогурт или павлака и мелената пиперка, па сè убаво измешајте. Карфиолот процедете го, па наредете го во огноотпорен сад подмачкан со масло, па премачкајте го со сосот од печурки, па со сосот од кашкавал, па посипете со сечканата сланина. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 20 минути. Готовиот сад со карфиол украсете го со сечкан магдонос.