(Видео) Во Загреб поставиле стапици за диви свињи. Фатиле 27


Диви свињи талкаат низ главниот град на Хрватска. Низ социјалните мрежи се проширија снимки како трчаат по една од најфреквентните улици. Иако сцените не се нови, оваа година ги има повеќе од вообичаено. Во прифатилиштето за запуштени животни во Думовец велат дека нема причина за грижа, но и дека не треба да се приближувате до диви свињи.

На пет локации на терен биле поставени стапици во кои биле фатени 27 диви свињи.

 

 

„Дивата свиња вообичаено не е опасна за луѓето и никогаш не го напаѓа доколку не се чувствува загрозено. Доколку ги видите веднаш информирајте го инфо центарот во Думовац за да успееме да ги дислоцираме. Не допирајте ги, не правете селфи и не им приоѓајте“, рече Дамир Скок, директор на Зоолошката градина во Загреб за РТЛ.