(Видео) Торнада низ Италија


Северниот дел на Италија вчера беше погоден од низа торнада. Предизвикана е голема материјална штета, но нема жртви.

Во подрачјата на Милано и Торино дојде до силни поплави, а на некои места паднаа 220 мм дожд на квадратен метар за 24 часа. 

Силната бура корнеше дрвја, сарветни столбови, а најлошо беше во Ломбардија, која ја погодија шест торнада, пренесе Severe Weather.

Седмо торнадо се појави на моденското подрачје, каде настрада локален аероклуб, кој во потполност е уништен.