(Видео) Стокхолм тестира тивок воден трамвај
Следното лето Стокхолм најверојатно ќе добие уникатен тип на јавен превоз. Имено, електричниот патнички ферибот Candela P-12 неодамна ги започна своите пробни возења на езерото Маларен. Иако технологијата на пловила со електричен погон не е нова, овој проект е иновативен поради неговата брзина, навигација и економичност.
Како што е прикажано на видеото кое пред неколку дена го објави шведскиот дневен весник Dagens Nyheter, кога достигнува брзина од 16 јазли или 30 километри на час, Кандела се издигнува 1,5 метар над површината на водата и продолжува да плови на аеродинамично крило како ултра брза спортска едрилица. Во исто време, овој сад е многу тивок и речиси не создава бранови.
„На бродовите им треба огромно количество енергија за да се движат низ водата. Решението беше да се проучи изградбата на авиони. Тоа е стара техника, но сфативме дека отпорот може да се намали за 75-80 отсто. Така електрификацијата на возењето стана возможно“, за Dagens Nyheter изјави Густав Хаселског, основач и директор на компанијата Кандела.
Фериботот Кандела може да прими 30 луѓе на седишта и одреден број велосипеди, детски и инвалидски колички. Во јули 2024 година, треба да започне со комерцијални сообраќајници помеѓу островот Екеро на споменатото езеро и центарот на Стокхолм. Наместо досегашните 55 минути, патувањето ќе трае само 25 минути.