(Видео) Со водени топови и гумени куршуми против демонстрантите во Швајцарија


Швајцарската полиција употреби водени топови, гумени куршуми и солзавец за да ги разбие протестите против ковид пропусниците.

Полицијата го направи тоа оти демонстрантите ги пробија барикадите пред зградата на парламентот во Берн.

На неодобрените протести против владините мерки за сузбивање на корона вирусот, кој се одржува секоја недела, се собраа окол 500 демонстранти со барање за укинување на ковид-пропусниците воведени на 13 септември, пренесе РТ.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како полицајците удираат демонстранти додека ги апсат, како ги разбиваат со водени топови, солзавец и гумени куршуми.

Полицијата на Берн соопшти дека ги применила овие мерки затоа што „учесниците во повеќе наврати не ги почитувале поставени бариери“ откако преку разглас им било наложени да се разидат.

Повреден е еден полицаец, додека четворица демонстранти биле обвинетеи.

Ѓвајцарија воведе мерки според кои за влез во јавни простори, како што се ресторани, кафеани или музеи, како и за масовни собири, потребен е доказ за целосна вакцинација, неодамнешен негативен тест или прележана болест.