(Видео) Снимен земјотресот од 6,1 степен во Перу, десетици се повредени


 

Најмалку 40 луѓе се повредени во силен потрес на северот на Перу во петокот, објавија локалните здравствени власти.

Болницата во градот Сулена јави дека три лица се потешко повредени, меѓу кои и една трудница, а полесно се повредени неколку десетици луѓе.

Земјотресот со магнитуда од 6,1 степен според Рихтер, беше со епицентар на 12 километри од Сулана во регионот Пиура, на длабочина од 36 км, соопшти Сеизмолошкиот центар на Перу.

Оштетени се 187 куќи

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека се оштетени 187 кучи, а во шест не може повеќе да се живее.

Потресите се почувствувале во поглемиот дел од регионот, како и во соседен Еквадор.

Телевизијата РТП соопшти дека оштетена е и фасадата на катедралата во главниот град на покраината Пиура.

Жителите бегале од зградите и брале сигурност на отворено.

Во округот Колан на Пацификот, пријавени се и неколку лизгања на земјиште.

Претседателот Педро Кастиљо ја напушти воената парада во Лима што се одржуваше по повод 200-годишнината од Декларацијата за независност и отпатува во погодениот регион.

Брегот на Перу во повеќе наврати е погоден од силен земјотрес затоа што земјата лежи на пацифичкиот огнен прстен, подрачје обележано со сеизмички потреси и со околу 128 активни вулкани.