(Видео) Сестри во Турција спасени од под урнатините по 100 часа


 

Турската новинска агенција објави снимка од спасување на две сестри од урнатини на зграда. Сестрите од југоисточната покраина Караманмарас под урнатините поминале 100 часа, но беа извлечени живи, наведува агенцијата.

Потсетуваме, бројот на смртни случаи од земјотресите во Турција и во Сирија надмина 22.000, а може да расте и понатаму. Спасувачите ги пребаруваат рушевините на илјадници згради. повеќе од 75.000 луѓе се повредени во двата разорни потреси кои го погодија регионот во понеделникот.

Спасувачите се во трка со времето, но со секој поминат час шанзите да се пронајде некој жив се сѐ помали. Властите велат дека се урнаа 6.500 згради во Турција, а бројни објекти се оштетени во зоната на земјотрсот која опфаќа околу 13.000.000 луѓе.