(Видео) Сè повеќе вртачи во Турција. Во една рамнина ги има над 2.600
Над 2.600 копнени дупки (вртачи) во плодната турска рамнина на Коња се закана за земјоделството и станбените области. Во таканаречената житница на земјата се појавија вртачи поради сушата и прекумерната потрошувачка на подземните води. Моментално ги загрозуваат земјоделските активности, а се сè поблиску до станбените зони.
Напредуваат кон станбени и земјоделски области
Според последните податоци, нивниот број надмина 2.600 Најпогодени се окрузите Џиханбејли, Јунак, Кулу, Сарајону и Кадинхани, познати по нивното значително производство на жито. Дирекцијата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и Техничкиот универзитет во Коња внимателно го следат развојот на настаните и бараат превентивни мерки, пишува Еуроњуз.
Актуелните податоци покажуваат дека вртаќите напредуваат кон станбени и земјоделски области и енергетски постројки, додека претходно тие најмногу беа регистрирани во изолирани области. Вртачите отсекогаш постоеле, велат експертите, но човечката активност придонесува за зголемување на нивниот број.