(Видео) Руските хеликоптери користат необичен и непрецизен начин за истрелување ракети во Украина


Едно ново видео покажува дека Русите во Украина ги претвораат своите хеликоптери во воздушни системи за повеќекратно лансирање ракети.
Овој метод го проширува досегот на ракетите, но е далеку од прецизен.
Видеото објавено на Твитер на 17 март 2022 година, покажува напад воздух-земја на руски хеликоптери во Украина, користејќи необичен метод за испалување на ненаведувани ракети. Ракетите како такви не се оружје со прецизно наведување, особено во опкружувањето што може да се види на видеото, пишува The Aviationist.
Како што пренесува Бизнис инсајдер, хеликоптерите прво влегуваат во плитко „нурнување“, потоа се искачуваат и ги лансираат ракетите на врвот на параболичниот лак на нивната патека на летот, испраќајќи ги во правец кон целта.
Овој метод им дава на ракетите поголемо количество енергија при самото лансирање (бидејќи се движат со брзината со која се движи платформата за лансирање), но и го продолжува дострелот, бидејќи се лансираат нагоре и следат балистички траекторија.

Ова значи дека хеликоптерите Ка-52 и Ми-28 овде станаа еден вид воздушни лансери MLRS (Ракетен систем за повеќекратно лансирање), односно леечка верзија на повеќецевни раакетни фрлачи.
Освен ако рускиот систем за управување со наоружувањето на тие хеликоптери нема функционалност да го изврши овој вид лансирање надвор од видното поле и да му обезбеди на екипажот приближно прецизно решение за лансирање, овој тип на напад е далеку од точен и може да биде ефективно употребен само против цели во област за која не е потребна прецизност.
Оружје со прецизно наведување, исто така, понекогаш се лансира на овој начин, следејќи ја траекторијата на параболичен лак, но овде муницијата е најверојатно неводена, па затоа, секако, нема никаква прецизност.
Техниката, која им овозможува на борбените летала да погодуваат од поголема далечина, додека остануваат ниско и можеби надвор од опсегот на украинските системи за противвоздушна одбрана, нејасно потсетува на фрлањето бомби кое го користеа тактички авиони за испорака на нуклеарно оружје во ерата на Студената војна.
Имено, Русите нарачаа нови ракети С-8ОФП (С-8ОФП), кои според различни извори имаат деклариран дострел од 6 километри.
Има малку достапни информации за S-8OFP – некои од западните извори споменуваат можност да се имплементира трагач. Во меѓувреме, сите извори укажуваат на осигурувач со двоен режим – било во контактен или во одложен режим – за зголемена пенетрација во оклоп.
Некои велат дека руските хеликоптерски екипажи само се ослободуваат од муницијата што ја носат. Сепак, снимките направени за време на вежбите во Русија јасно покажуваат дека овој метод на ангажман е дел од наставната програма за обука на пилотот.
Овде доаѓа во израз заканата од MANPADS. Полскиот Piorun MANPADS (MAN пренослив систем за воздушна одбрана), доставен до украинските вооружени сили, овозможува дострел од 6,5 километри и значителна смртоносност на ултра ниско ниво (под 100 метри). Така, може да се заклучи дека дури и при максимален дострел, противвоздушната ракета како таква е закана за хеликоптер кој се движи релативно бавно.
Се чини разумно дека екипажите биле свесни и претпазливи за потенцијалната закана од MANPADS околу целната област и се обиделе да стрелаат кон својата цел додека се надвор од опсегот на системите за против воздушна одбрана.