(Видео) Русија тестираше хиперсоничен проектил
Русија објави дека успешно тестирала хиперсоничен крсосувачки проектил наречен „Циркон“ од новата генерација оружја за кои претседателот Владимир Путин вели дека во светот му нема рамен.
Министерството за одбрана објави дека проектилот е испален од фрегатата „Адмирал Горшков“, воен брод стациониран во Бело Море и дека летал со брзина седум пати побрзо од звукот и удрил во 350 километри оддалечена мета на земјата, на брегот на Баренцово Море.
„Тактичките и технички карактеристики на „Циркон“ се потврдени со ова тестирање“, објави руското министерство.
Некои западни стручњаци се прашуваат колку навистина напредна новата генерација руско оружје, но признаваат дека тие хиресонични проектили тешко се следат и пресретнуваат поради нивната комбинација на брзина, можност за маневрирање и височина.
Русија планира со ракетниот систем „Циркон“ да ги опреми подморниците и воените бродови.
Заканите на Путин
Ројтерс потсетува дека Путин уште во 2018 година најави спектар на новото хиперсонично оружје во еден од своите најборбени говори и тогаш најави дека тоа оружје може да ја достигне речиси секоја точка на светот и да го избегне американскиот противракетен систем.
Следната година, Путин се закани дека ќе распоредат хиперсонични проектили на бродови и подморници кои може да бидат подготвени надвор од американските територијални води и да делуваат акоо САД распоредат нуклеарно оружје од среден домет во Европа.
Вашингтон такно оружје не распореди во Европа, но Москва стравува дека тоа може да се случи.