(Видео) Проработе вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5.000 луѓе


Шпанските власти евакуираа 5.000 луѓе од повеќе села на канарскиот остров Ла Палма каде се активира вулканот, изјавија денеска локалните власти.

Лавата веќе проголта 20 куќи во селото Ел Пасо и делови од патишта, рече градоначалникот Серхио Родригез за радиот ТВЕ, пренесе Ројтерс.

Сега се шири кој соседното село Лос Љанос де Аридане каде во опасност се стотина куќи, рече тој.

Локалните власти евакуираа околу 5.000 луѓе од четири села, меѓу кои и Ел Пасо и Лос Љанос де Аридане, а нова евакуација на луѓе веројатно нема да биде потребна, вели регионланиот претседател на канарските Острови Анхел Виктор Торес.

„Лавата се движи клон брегот и ќе предизвика материјална штета“, додаде тој.

Досега не е забележан ни еден смртен случај и веројатно нема ни да има жртви, сѐ додека никој не се однесува лежерно, истакна вулканологот Намесио Перез.

Шпанскиот премиер Педро Санчез стигна во ла Палма синоќа за да разговара со локалните власти за начинот на решавање на ситуацијата. „Ги имаме сите ресурси и војници, граѓаните може да бидат мирни“, вели тој.