(Видео) Пожар избувна во луксузен хотел во Париз, стотици се евакуирани


Околу 400 луѓе беа евакуирани откако избувна пожар во хотел со пет ѕвезди во Париз, соопштија пожарникарите.

Двајца вработени беа полесно повредени додека се обидуваа да го изгаснат пожарот што избувна во подрумската кујна на хотелот „Бристол“ утрово.

Хотелот се наоѓа во близина на Елисејската палата, која често ја користат светските лидери за време на нивните посети.

Полицијата ја затвори улицата „Фобур Сен-Оноре“ и пожарот беше ставен под контрола, соопшти противпожарната служба на главниот град.