(Видео) Порториканец влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар маж на светот
Поранешен одгледувач на шеќерна трска во Порторико, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар жив маж на светот, само неколку недели пред прославата на 113 роденден.
Емилио Флорес Маркез, роден на 8 август 1908 во Каролина во Порторико, во средата официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди, а беше стар 112 години и 326 дена.
https://youtu.be/J238LeRhjAo
Маркез, второ најстаро дете од нив 11, во текот на растењето бил задолжен за многу куќни работи и помагал во грижата за помалите браќа и сестри. Како првороден син, исто така помагал на татковата фарма на шењерна трска. Од рана младост ги полевал билките и товарел трска во вагони за превоз, пишува Си-ен-ен.
Вградил електростимулатор во 101 година
Подоцна продолжил да одгледува шечерна трска и со тоа го издржувал семејството. Бил во брак со Андреа Перез 75 години, до нејјзината смрт во 2010 година. Имале четири деца . Маркез сеха има пет внучиња и пет правнучиња.
The Guinness World Records recently confirmed Emilio Flores Marquez (Puerto Rico) as the oldest living person (male). His age is 112 years, 326 days. This breaks the previous record held by Romania's Dumitru Comănescu, who died at 111 years 219 days.https://t.co/xFmJaZEem1 pic.twitter.com/l6VLFJPHZV
— NewsBytes (@NewsBytesApp) July 1, 2021
Кога го загубил слухот, вградил и срцев електростимулатор кога имал 101 година. Сега е во добро здравје.
Претходно, најстар маж на светот беше Романецот, Димитру Комнеску. Почина на 27 јуни 2020 година на возраст од 111 години и 219 дена.
Во моментот најстар човек е 118-годишната Кане Такана, која живее живее во старечки дом во Јапонија. Нејзиниот внук вели дека има намера да го урне апсолутниот рекорд на Жана Луис Калмет, Французинка што живееше 122 години.