(Видео) Полно жртви во земјотресот на Хаити


Најверојатно од земјотресот што денеска се случи на Хаити, има повеќе жртви, јавуваат повеќе светски агенции како Си-ен-ен, А-еф-пе и други.

На подрачјето на Хаити денеска во 14.30 часот забележан е земјотрес со магнитуда од 7,2 според Ритер, а земјотресот бил на длабочина од 13 киломтери, а оддалеченост од само 12 километри од Сент Луис ду Суд, соопшти Американскиот геолошки завод.

Си-ен-ен јавува дека има мртви, додека Франс прес наведува дека земјотресот предизвикал значителна материјална штета во градовите Џереми и Лес Кајес, според фотографиите на очевидци. 

„Најверојатно има многу жртви, а катастрофата е очигледна насекаде“, велат од УСГС.

Од Цивилната заштита на Хаити за Си-ен-ен велат дека има жртви и огромна материјална штета.
 
На фотографиите што се споделуваат по социјалните мрежи се гледа дека многу зргади се урнати. Покривите се на земја, а колку жртви има под урнатините допрва треба да се утврди. 
 

Американскиот систем за предупредување од цунами издаде предупредување за регионот, а се закануваат бранови високи до три метри.

За потсетување, во 2010 година Хаити беше погоден од разорен земјотрес, кој ја урна престолнината Порт о Пренс за неколку минути. Загинаа повеќе од 200.000 луѓе Разорниот земјотрес се случи на 12 јануари 2010 година.